18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИEricsson ќе скрати 3.000 работни места во Шведска

Ericsson ќе скрати 3.000 работни места во Шведска

erik sediste33

„Ericsson“ планира да скрати 3.000 работни места во Шведска и да го ограничи производството на внатрешниот пазар. Компанијата прави обид да ги намали трошоците во позадина на падот на побарувачката на мрежна опрема, пишува „Bloomberg“.

Уште минатиот месец компанијата која се бори со голем број проблеми, најави дека производството во Шведска исто така може да биде погодено од планираните отпуштања. Сега таа открива дека го стеснува производството во градовите Бурос и Кумла.

„Ericsson“, која има 16.000 вработени во Шведска, скратувајќи го бројот на работници во одделенијата за продажба, студии и развој, како и во администрацијата.

Ударот врз нејзините останати шведски фабрики нагласува пред колку големи предизвици се соочува Концернот, додека се обидува да се бори со зголемената конкуренција и со забавувањето на побарувачката од страна на мобилните оператори.

Откако сето ова го намали нејзиниот профит, во јули „Ericsson“ го отстрани својот извршен директор од функцијата и се насочи кон намалување на трошоците, а има за цел да заштеди по 9 милијарди круни (1,05 милијарди долари) годишно до 2017-та година.

Компанијата се обидува да го оживее растот на својот профит преку заштеди, додека се натпреварува со „Huawei Technologies“ и „Nokia“ на еден се повеќе тежок пазар. Продажбата за вториот квартал се намали за 11%, откако мобилните оператори во Европа, Русија и Бразил приведоа инвестиции во мрежна опрема.

„Ericsson“ имаше околу 116.000 вработени кон крајот на јуни оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП