4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИMicrosoft полека се откажува и од носивите уреди

Microsoft полека се откажува и од носивите уреди

narak micro33

Откако се откажа од мобилните телефони од серијата „Lumia“, „Microsoft“ полека се откажува и од носивите уреди. Имено, нивната фитнес нараквица „Band 2“ е повлечена од продажба, а од интернет продавницата исчезна и секој „спомен“ од неа, па дури и „SDK“.

Според гласините кои во последно време може да се слушнат, „Microsoft“ нема во план да ја обнови својата понуда на фитнес нараквица со нов модел „Band 3“. Дури гласините говорат дека тимот кој бил задолжен за креирање на „Band“ и „Band 2“ е распуштен и прераспределен на други задачи.

Иако „Microsoft“ се уште јавно нема соопштено дека се откажува од носивите уреди, една изјава поврзана со исчезнувањето на нараквицата „Band 2“ упатува на тоа. Имено, од компанијата соопштија дека се продадени сите примероци на „Band 2“, како и дека немаат во план оваа година да претстават нов модел.

Купувачите кои веќе ја имаат „Band 2“ немаат причина за грижа. „Microsoft“ ќе продолжи да нуди поддршка преку продажните канали за корисничка поддршка. „Microsoft“ воедно најави и дека продолжуваат со своите инвестиции во нивната „Health“ платформа.

Бидејќи „Microsoft“, покрај „Windows“ уредите ги поддржува и оние кои се темелат на „iOS“ и „Android“, можеме да заклучиме дека „Microsoft“ во иднина ќе се пренасочи кон софтверот, додека на другите компании ќе им го препушти развојот на хардверот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП