26 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLVMH купува 80% од германскиот производител на куфери Rimowa

LVMH купува 80% од германскиот производител на куфери Rimowa

rimowa222

Компанијата за луксузни стоки „LVMH Moet Hennesy Louis Vuitton“ купува 80% од „Rimowa“, производител на „high-end“ куфери, во договорот вреден 640 милиони евра. Со тоа компанијата додава прв германски бренд кон својата колекција од марки – од „Louis Vuitton“ до „TAG Heuer“, пишува „Bloomberg“.

„LVMH“ го купи уделот од Дитер Моржек, внук на основачот на компанијата, објавија од седиштето во Париз.

Се очекува приходите на „Rimowa“ од продажба во оваа година да надминат 400 милиони евра. Александар Арно, синот на претседателот на „LVMH“, Бернард Арно, ќе стане еден од главните извршни директори на „Rimowa“.

Компанијата „Rimowa“ која е соседиште во Келн, е основана во 1989-та година и е позната по производство на првиот алуминиумски куфер, кој има препознатлив дизајн. Поновите производи на компанијата вклучуваат куфер со електронски екран кој може да комуницира со смартфонот на сопственикот преку „Bluetooth“ технологија

Моржек ќе задржи удел во компанијата и ќе биде еден од извршните директори на „Rimowa“, според соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП