4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook го претстави Marketplace

Facebook го претстави Marketplace

mark fb 000

„Facebook Inc“ го стартуваше сервисот „Marketplace“ – услуга која им овозможува на корисниците да купуваат и продаваат предмети во платформата на социјалната мрежа, јави „Ројтерс“.

Повеќе од 450 милиони луѓе веќе посетуваат групи за купување и продажба на „Facebook“ секој месец.

Новата услуга ќе биде достапна за секој корисник над 18 години од САД, Велика Британија, Австралија и Нов Зеланд. Трговијата ќе биде можна за неколку, а ќе се случува преку апликацијата на социјалната мрежа за „iPhone“ и „Android“.

Се очекува во наредните месеци купувањето и продавањето во социјалната мрежа да биде возможно и од компјутер.

mark fb 001

„Marketplace“ ќе нуди слики на предмети, поставени од луѓе кои се наоѓаат најблиску до вас. За да најдете нешто посебно, може да го филтрираат своето пребарување според место, категорија и цена.

Ако нешто ви се допадне, ќе можете да кликнете на сликата за да дознаете повеќе детали за стоката, како и да го видите името и профилот на продавачот, со кој може да се поврзете со него, за да договори трансакцијата.

Функцијата овозможува да снимите сè што сакате да го видите подоцна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП