Новата генерација на „Peugeot 5008“ беше главната премиера на францускиот производител на автосаемот во Париз. Моделот, кој досега претставуваше миниван, веќе се позиционира како кросовер со 7-седишта. Од компанијата најавија дека продажбата во Европа ќе стартуваат во 2017-та година, а главен конкурент на нивниот модел ќе биде новата „Skoda Kodiaq“.
На изглед „Peugeot 5008“ го следи дизајнот на хечбекот „308“, кој е изграден на платформата „EMP2“. Машината има стил на теренец, благодарение на својот висок држач и на дополнителните осигурувачи на каросеријата кросоверот е долг 4640 мм, а растојанието помеѓу двете оски е 2820 мм. При навалување на задните седишта волуменот на багажникот е 1060 литри.
Во внатрешноста на моделот има 12,3-инчен дисплеј, кој ја извршува функцијата на инструмент панел, како и 8.0-инчен екран на допир за мултимедијалните системи. Возачот располага и со 3D-навигација со функција за гласовно управување, а исто така и со проекциски дисплеј на шофершајбната.
Во палетата мотори се вклучени бензински агрегати од серијата „THP“, кои се со моќност меѓу 130 и 215 КС, како и дизел – „HDI“ со моќност од 120 до 180 КС. Се очекува во наредните 2-3 години на пазарот да излезе и хибридна модификација.
Моделот е опремен уште со систем за екстремно сопирање, систем за предупредување за напуштање на лентата на движење, функција за автоматско менување на светлата, адаптивен круз-контрол со функција за почитување на ограничувањата на брзината и систем за следење на мртвите зони.