10 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИУште само денес и утре попусти во Сити мол(фото)

Уште само денес и утре попусти во Сити мол(фото)

scm

По големата еуфорија и возбудливиот амбиент во Скопје сити мол овој викенд и прославата по повод четвртиот роденден на молот, роденденската возбуда не стивнува.

Богатата програма, музика, бесплатни коктели и колачи, огромните попусти и подароци и присуството на многу познати личности го преполни Скопје сити мол со над 40.000 посетители, само во првиот, од четирите роденденски денови полни со изненадувања за потрошувачите.

aag

Настапите на култните „Нокаут“ и на хрватската поп-изведувачка Данијела Мартиновиќ, како и фото-корнерот за избор на лице за зимското издание на насловната страница на  City Mall магазинот, како и финалето од квалификацискиот турнир во боулинг за избор на преставник на Македонија на 52 QubicaAMF Bowling World Cup, креираа дополнително задоволство и еуфорија што потрошувачите го искористија за шопинг до полноќ.

aaf

Скопје сити мол и денес и утре ги очекува сите посетители на несекојдневни креативни работилници за деца за цртање на керамика и изработка на уникатни предмети и украси во игротеката Имагинариум, како и огромни роденденски попусти до – 70% на одредени производи во одредени продавници.

aah

Скопје сити мол за прв пат ги отвори своите врати за потрошувачите на 4 октомври 2012 година и за кратко време успеа да стане актуелно собиралиште за забава и за шопинг, урбано обележје и најмаркантен градски симбол, едно од најмоќните модни жаришта во регионот.

sdr

sdr

aak

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП