26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМерење на прогресот на економскиот развој, панел на Самитот на Македонија2025 во...

Мерење на прогресот на економскиот развој, панел на Самитот на Македонија2025 во Скопје

sam

На 20 и 21 октомври, невладината и независна организација за промовирање на бизнис потенцијалите на нашата земја, Македонија2025, го одржува Самитот на кој ќе учествуваат водечки интернационални експерти од светот на бизнисот, науката и технологијата.

Ова е петти самит во организација на Македонија2025, а целта на овие настани е да стимулира напредно размислување во поглед на бизнисот, меѓународната деловна соработка, иновациите и примената на технологијата кон одржлив економски развој. Фокусот на овогодинешниот самит е запознавање со новите насоки на водење бизнис низ светот, со посебно внимание на обновливите извори на енергија и иновациите кои овозможуваат одржлив развој, а кои веќе се применуваат во многу земји низ светот.

Еден од панелите на самитот ќе биде посветен на развојот на Република Македонија и начините според кои експертите ќе го следат истиот. На овој панел ќе говорат врвни експерти од областа на економијата, економскиот развој и владеењето со институции од овие сфери. Претседавач на панелот ќе биде Роберт Арсов кој е управен Директор на финансиската куќа Гугенхајм Секјуритиес и воедно претседавач на Одборот на директори на Македонија2025.

Господинот Арсов ќе ја модерира дискусијата помеѓу луѓе со огромно меѓународно искуство како поранешниот Премиер на Грузија, Ника Гилаури, кој воведе реформи што и овозможија на неговата земја да постигне раст од 9% наспроти негативата од исто толкав процент на неговиот претходник. На истиот панел се и Рикардо Монти, Претседател на италијанската трговска агенција, Владо Димовски, професор по економија на Љубљанскиот универзитет, и Коста Барјаба, постар советник на Министерот за здравство на Албанија.

Покрај овој панел на Самитот ќе се зборува и на тема обновливи ресурси и нивната примена низ светот кон постигнување одржлив економски развој, ќе се зборува за напредни иновации и технологии, за финансиски модели во работењето со природни ресурси, за улогата на лидерството во напредокот и во развојот на иновации, и многу повеќе.

Извршниот менаџер на Македонија2025 Билјана Марковиќ-Стаменова изјави: „Самитот во 2016 ќе ни овозможи перспективи што ќе не натераат да свртиме нов лист во начинот на кој водиме бизис и на кој ја разбираме меѓународната трговија и економскиот развој. Македонија2025 покани извонредни експерти од целиот свет- еден од нив е Гуру Банавар кој раководи со Вотсон центарот на ИБМ за вештачка интелигенција- и тоа не охрабрува дека Македонија може да размислува на исто рамниште како и развиените земји и дека може да соработува со компании низ целиот свет во корист на одржлив економски развој. Ги поканувам сите деловни луѓе, претприемачи, експерти и претставници на институции да учествуваат на овој глобален настан и да го предводат напредокот во Македонија“.

Самитот ќе се одржи на 20 и 21 октомври во хотелот Мериот во центарот на Скопје а влезниците се веќе во продажба преку веб страната на Македонија2025.

op

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП