28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот најмоќен Audi RS3 e лимузина со 400 „коња“ (фото+видео)

Новиот најмоќен Audi RS3 e лимузина со 400 „коња“ (фото+видео)

akonja 00

Првиот седан во историјата на моделот „Audi RS3“ дебитираше пред публиката за време на автосаемот во Париз. Автомобилот добил помоќен мотор од хечбекот „RS3“, а местото на премиерата е доста изненадувачка, бидејќи најверојатно нема да биде достапен во Европа.

akonja 01

Под хаубата на седанот „RS3“ е поставен 2,5-литарски мотор со 5 цилиндри од спортскиот модел „Audi TT RS“. Тој развива 400 КС и 480 Нм. Истиот мотор е присутен и кај хечбекот „RS3“, но таму тој генерира 367 КС. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч кај седанот трае 4,2 секунди, а максималната брзина е ограничена по електронски пат на 250 км/ч. Со доплата сепак тоа може да се промени и колата ќе развива 280 км/ч.

akonja 02

Агрегатот со 5 цилиндри работи во комбинација со 7-степен роботизиран менувач „DSG“ со две спојки, како и со корпоративниот систем за погон на четири тркала „quattro“. Во споредба со стандардниот седан суспензијата на „RS3“ е намален со 25 мм. Поставени се и помоќни сопирачки механизми, како и 19-инчни тркала.

akonja 04

Продажба на седанот стартуваат во 2017-та година во Кина и САД. Покрај него „Audi“ ќе понуди и натпреварувачка верзија која ќе учествува во шампионатот „TCR“. Таа исто така е прикажана во Париз, а е опремена со 2.0-литарски турбо-мотор со 4 цилиндри, кој развива 400 КС.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП