11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAirbus изврши структурни промени, очекува поедноставно управување и помали трошоци

Airbus изврши структурни промени, очекува поедноставно управување и помали трошоци

178779723857f2052f5bc26799727870_w640

Европскиот производител на авиони Airbus ја објави најзначајната промена во структурата од 2000 година која значително ќе го поедностави управувањето и со тоа ќе ги намали трошоците.

Наједноставно кажано, Airbus групацијата ќе се спои со дивизијата за производство на патнички авиони na Airbus, неговaтa најзначителна дивизија која донесува две третини од приходите.

Со тоа е напуштена досегашната структура со две седишта и два челника, Германец и Французин што ги одразува сопственичките односи во компанијата.

Извршниот директор на „Airbus“ Фабрис Брегиер станува главниот оперативен директор на компанијата додека Том Ендерс, сегашниот извршен директор на „Airbus“ групацијата станува претседател.

Брегиер така ќе биде одговорен за целокупната производна програма на компанијата која освен авиони ја сочинуваат и хеликоптери, ракети, сателити и воена електроника.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП