29 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЕве го наследникот на SsangYong Rexton (фото+видео)

Еве го наследникот на SsangYong Rexton (фото+видео)

liv 00

Корејскиот автопроизводител „SsangYong“ го искористи саемот во Париз, за ​​да го покаже концептниот модел „LIV-2“. Иако има статус на прототип, овој автомобил е сосема блиску до сериска верзија, која ќе го замени теренецот „Rexton“ во палета на брендот.

liv 01

Новиот автомобил е во стилот на концептот „LIV-1“, претставен уште во 2013-та година во Сеул. Теренец ја добил новата корпоративна решетка на ладилникот, која дебитираше кај компактниот кросовер „Tivoli“. Во кабината се поставени седишта со функција за масажа, како и нов информатичко-забавен комплекс со 9,2-инчен екран на допир, интернет конекција преку „Wi-Fi“ и можност за одржување на „Apple CarPlay“ и „Android Auto“. За патниците на задните седишта се нудат два дополнителни 10,1-инчни монитори, вградени во предните седишта.

liv 02

Под хаубата на прототипот е поставен 2,2-литарски 4-цилиндричен дизел мотор, кој е дело на „SsangYong“. Моќноста на агрегатот е 181 КС. Покрај него на серискиот модел ќе се поставува и целосно нов 2.0-литарски бензински турбо-мотор кој развива 225 КС. И двата агрегати се комбинираат со 6-брзински мануелен менувач, а како опција ќе се нудат два автоматски менувачи – со 6 брзини за бензинската варијанта и со 7 за дизелот.

liv 03

Во опремата на моделот кој ќе биде со погон на четири тркала, се вклучени 9 воздушни перничиња, систем за контрола на лентата на движење и на „мртвите“ зони, како и функција за предупредување при опасност од директен судир со можност за препознавање на пешаците.

liv 04

Серискиот „SsangYong Rexton“ ќе биде готов во 2017-та година, а според претставник на компанијата при излегувањето на пазарот моделот ќе биде поевтин од конкурентите кои се понудени од „Toyota“ и „Mitsubishi“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП