22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСе замерија со Роснефт, тоа ќе ги чини банкрот

Се замерија со Роснефт, тоа ќе ги чини банкрот

bankrot35353

Руската компанија Роснефт побара отштета од медиумскиот холдинг Росбизнисконсалтинг (РБК) oд повеќе од три милијарди рубљи, односно повеќе од 40 милиони евра.

Тоа раководството на „РБК“ го спореди со уништувањето на „Јукос“ на Михаил Ходорковски

Роснефт поради една статија објавена на 11-ти април, вчера од судот ја побара најголемата компензација во досегашната пракса во Русија за нанесување штета на угледот.

Нефтената компанија по објавената информација на својата интернет страна соопшти дека таа е лажна и дека станува збор за „новинарска фантазија“. Потоа кон крајот на април поднесе тужба со која бараше демант, но не бараше материјална компензација, но вчера го промени своето барање.

Главната уредничка на „РБК“, Елизавета Осетинска напиша на својата Фејсбук страна дека тужбата на Роснефт е „без преседан“ и дека дека станува збор за копија на предметот „Јукос“, само уште полоша.

„Апсурдноста и вишокот се очигледни. Лесно може да се замисли банкротот на „РБК“ кој работи позитивно“, напиша Осетинска.

Следното рочиште на судот е закажано за 11-ти ноември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП