18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ му подарува на секој 18-годишен гратис билет за Европа?

ЕУ му подарува на секој 18-годишен гратис билет за Европа?

eurpoa-travel

Секој млад човек од ЕУ ќе добие подарок за 18-тиот роденден бесплатен билет за турнеја низ Европа.

Оваа примамлива перспектива ќе се оствари, ако следната недела проектот за неа биде одобрен во Европарламентот, пишува „Дејли мејл“.

Идејата е на германскиот европратеник од Европската народна партија (ЕПП) Манфред Вебер. Таа предвидува секоја година европските тинејџери кои наполниле 18 години, да добијат едномесечна картичка „Interrail“ со која ќе земат гратис билети за 30 земји на Стариот континент – од Швајцарските Алпи и норвешките фјордови до Јужна Италија и најзападната точка на Европа во Португалија .

Младите од земји кои не се членови на „Interrail“ (балтичките држави, Кипар и Малта), ќе добијат билети за автобус и траект, за да го остварат патувањето.

„Сакаме да им ја покажеме Европа на младите. ЕУ треба да им даде можност да ги запознаат соседите и можностите кои одделни земји ги нудат за секој Европеец. Младите имаат клучна улога, како противтежа на евроскептицизмот “, рече Вебер.

Тој објасни дека картичката „Interrail“ чини од 200 до 479 евра. Во зависност од цената може да се патува од 5 дена до 1 месец. Секоја година околу 5,5 милиони млади луѓе во ЕУ полнат 18 години.

Идејата за бесплатниот билет доби поддршка во ЕНП и некои други партии во Европарламентот, но шефот на групата на социјалистите Џани Питела се изјасни против. Најмногу бесни се Британците, кои го нарекоа проектот „обид да се поткупи младината за сума од 1.5-2 милијарди евра годишно“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП