17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПомирувањето задоцни - Турција плаќа превисока цена

Помирувањето задоцни – Турција плаќа превисока цена

104742405157ee1f20e5749902040996_w640

Бројот на странски туристи во Турција во месец август падна за речиси 38 проценти, бидејќи туристичкиот сектор е потресен од наводниот обид за државен удар и терористичките напади во оваа земја.

Околу 3,18 милиони туристи во август ја посетиле Турција, што е за 37,96 проценти помалку отколку во август минатата година, се наведува во соопштението на турското Министерство за туризам, пренесува агенцијата Франс прес.

Во јуни е регистриран најголемиот пад во доаѓањето на туристи од 40,86 проценти во однос на истиот период минатата година, додека во јули нивниот број е намален за 36,72 проценти.

Туристичкиот сектор на Турција и пред обидите за државниот удар беше во проблеми поради низата терористички напади во првото полугодие и самоубистените бомбашки напади на Истанбулскиот аеродром во јуни кога животот го загубија 47 лица, и за кои одговорност презеде Исламската држава.

Турскиот сектор за туризам минатата година забележа приходи од 35,1 милијарда долари и има удел во БДП на Турција од 4,4 проценти.

И покрај нормализацијата на односите со Москва во јуни и укинувањето на ембаргото за патување, бројот на посетители од Русија минатиот месец е намален за 83,63 проценти во однос на истиот период минатата година.

Во август минатата година во Турција престојувале скоро 640.000 руски туристи, а оваа година нивниот број падна под 105,000.

Бројот на германски туристи во Турција во август се намали за 34,5 проценти, додека бројот на ирански туристи падна за речиси 32 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП