20 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗШкода разгледува производство во САД

Шкода разгледува производство во САД

skoda 38888

Чешкиот производител на автомобили „Škoda“, кој е огранок на германскиот концерн „Volkswagen“, објави дека ќе разгледа можноста за производство во САД во рамките на планираниот продор на вториот по големината автомобилски пазар во светот.

Од следната година „Škoda“ ќе започне да испорачува автомобили во Иран, Јужна Кореја и Сингапур, а одлуката за влегување на американскиот пазар ќе го одложи до крајот на 2017 година и можеби и подоцна, објави извршниот директор на чешката компанија Бернард Мајер.

„Судејќи според информации со коишто во моментов располагаме, ќе биде неопходно да се најде вистинската локација за да биде донесена позитивна одлука за тоа работа“, рекол Мајер во четвртокот во интервју на парискиот саем на автомобили, пренесува во петокот Reuters.

Конечната одлука ќе ја одредат „голем број фактори“, вклучително и анализите за состојбата на пазарот и конкуренцијата, прогнози за производите и продажното работење, додава Мајер. „Во крајна линија, мора да претежнат процените за позитивното работење, за да се одобри влегувањето на американскиот пазар“, повторува челникот на „Škoda“.

Најавата за влезот на „Škoda“на американскиот пазар го одразува се поизразеното уверување во концернот „Volkswagen“ дека низата нови производи и кампања насочена на подобрување на имиџот ќе ја поправат штетата која ја претрпи во САД по скандалот со софтверот кој ги фалсификувал податоците за емисијата на штетните гасови.

Иако во „Škoda“ со месеци наназад го разгледуваат потенцијалот на американскиот пазар, не брзаат со одлуката, бидејќи во моментов се преокупирани со програмата за ширење на работењето што би требало да ја налани нивната зависност од клучните пазари и да го осигури идниот раст. Така, следната 2017 година ќе започнат да ги извезуваат веќе склопените автомобили во Иран, а со локалните партнери потпишаа и прелиминарни договори за подготовка на делумното производство на моделот CKD во оваа земја, додава Мајер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП