4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle Allo превземена повеќе од 5 милион пати

Google Allo превземена повеќе од 5 милион пати

alloo00

„Google“ неодамна претстави нова апликација за допишување слична на „WhatsApp“ и „Viber“ –„Allo“, со разлика на тоа што „Allo“ знае и сам преку „AI“ да одговара на пораки.

Набрзо се огласи и Едвард Сноуден кој ги советуваше корисниците на споменатата апликација да не ја превземаат на своите мобилни уреди, затоа што со тоа „Google“ ќе има на неодреден рок пристап до нивните пораки.

Сноуден исто така предупреди дека ако „Google“ има пристап до пораките, па така и трети страни ќе ги имаат, како што е полицијата, судот и други законодавни тела можат да бараат да добијат пристап до пораки. Но, судејќи според бројот на превземање на апликацијата на „Android“ уредите корисниците или не се грижат за својата приватност или единствено што немаат да кријат.

Имено, според податоците на „Google Play“, корисниците на „Android“ платформата до сега на своите уреди „Allo“ ја превземале повеќе од пет милиони пат. Благодарејќи на тоа „Allo“ во текот на минатиот викенд се искачи на првото место на табелата најпревземани апликации, но само на кратко. Денеска „Google Allo“ се наоѓа на несреќното 13-то место на табелата.

Дополнително, апликацијата досега ја имаат оценето вкупно 117.308 корисници, со тоа најголемата оценка (пет ѕвезди) имаат дадено 69,944, а најмалата – единица нешто повеќе од 8.000 корисници, па така „Google Allo“ ја заработи просечната оценка од 4.2.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП