21 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗAudi во Париз го претстави новиот Q5 (фото+видео)

Audi во Париз го претстави новиот Q5 (фото+видео)

qpetka 00

Компанијата „Audi“ официјално ја претстави втората генерација на кросоверот „Q5“. Моделот дебитираше за време на автомобилскиот саем во Париз, а продажбата ќе стартува во почетокот на 2017-та година, а веќе е познато дека во Европа теренецот ќе се нуди со почетна цена од 45.100 евра.

qpetka 01

Ривалот на „BMW X3“ и „Mercedes-Benz GLC“ е изграден на модуларната платформа „MLB“, користена кај новите генерации на „Audi A4“ и „Q7“. Благодарение на неа возилото е полесно за 90 килограми во споредба со својот претходник. Должината на „Q5“ е 4660 мм, широчината е 1890 мм, а висината е 1660 мм. Растојанието помеѓу двете оски е 2820 мм.

qpetka 02

Волуменот на багажникот е 550 литри, кои можат да се зголемат до 610 литри, ако задните седишта се поместени максимално напред. При преклопување на задната клупа обемот достигнува 1550 литри.

qpetka 03

На пазарот втората генерација „Audi Q5“ првично ќе излезе со 4 дизел и 1 бензински мотор. Дизелите се претставени во 3 верзии со 2.0-литарски „TDI“ (150, 163 и 190 КС), како и од 3,0-литарски V6 кој развива 286 КС и 620 Нм вртежен момент. Бензинскиот агрегат е 2.0-литарски, кој се потпира на 252 КС.

qpetka 04

Моторите кај кросоверот можат да се комбинираат како со 6-брзински мануелен менувач, така и со 7-степена автоматска „S“-трансмисија. Единствен исклучок прави најмоќниот дизел мотор, за кој е предвиден 8-степен автоматски менувач. Моделот го добил новиот систем „quattro ultra“, при која асиметрични диференција „Torsen“ е заменета од спојка со повеќе дискови. За верзијата со мотор со 150 КС системот за погон на четири тркала е опција.

qpetka 05

Модификација со најмоќниот дизел го задржува стариот систем со „Torsen“, а за неа се нуди спортски заден диференцијал. Автомобилот исто така ќе се нуди со суспензија со пружини и амортизери, чија цврстина ќе може да се менува со помош на системот „drive select“. Клиентот ќе може да си нарача и воздушно потпирање со 5 избори на растојание од тлото.

qpetka 06

Во основната опрема на „Audi Q5“ влегуваат уште матрични главни фарови, мултифункционален волан со систем за загревање, седишта со функција за масажа, систем за регулирање на осветлувањето во кабината, инструмент панел „virtual cockpit“ со 12,3-инчен екран дисплеј, мултимедијален систем „MMI“ со „Touchpad“ и 8,3-инчен дисплеј, аудио „Bang & Olufsen“ и систем за забава за патниците на задните седишта со таблети, вградени во предните седишта.

Меѓу електронските помошници на теренецот се наоѓаат адаптивниот круз-контрол, систем за предупредување за приближување кон возило при возење наназад, функција за предупредување за можен фронтален судир, систем за контрола на лентата на движење, функција за препознавање на сообраќајните знаци и систем за екстремно запирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП