7 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЉубовни афери на работното место

Љубовни афери на работното место

ljubovna-afera

Дури четворица од десет од вашите колеги имале барем една канцелариска љубов.

Љубов на работното место е доста честа појава, но оној со кого флертувате во канцеларијата сепак може да не биде вашата иднина.

Веб страницата CareerBuilder за денот на вљубените направила онлајн анкета која покажала дека 39 проценти од вработените биле барем еднаш во љубов со колега. Сепак, само 30 отсто од канцелариските романси резултирале со брак.

Истражувањето исто така покажало дека поголемиот дел од вработените имале врска со колега, но 3 од 10 луѓе признале дека биле во врска со шефот или со луѓето кои се на повисока хиерархиска позиција.

Повеќето не ја криеле својата врска, но 35 проценти рекле дека не ја откриваат нивната романса.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП