13 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАWEF: Швајцарија останува најконкурентна, Македонија бележи пад од осум места

WEF: Швајцарија останува најконкурентна, Македонија бележи пад од осум места

wef20

Швајцарската економија и натаму е најконкурентна во светот, додека Македонија на листата на конкурентност од 138 земји забележи пад од минатогодишното 60-то на 68-то место, покажува денешниот извештај на Светскиот економски форум (WEF) зa 2016-2017 година.

„WEF“ во новиот извештај предупредува на растот на економските препреки, поради што се намалува економската отвореност, што претставува ризик за раст на економијата и иновативноста.

„Намалувањето на отвореноста во глобалната економија штети на конкурентноста и им отежнува на водечките да задржат одржлив, инклузивен раст“, порачува Клаус Шваб, извршен претседател на „WEF“.

Во извештајот, исто така, се предупредува дека квантитативно олеснување и другите мерки на монетарната политика се покажаа како недоволни за да се стимулира долгорочниот раст во развиените економии.

Во земјите со низок ранг на конкурентност монетарните интервенции не успеале да постигнат ефикасни резултати. Ова укажува на тоа дека тие ќе мораат да ја подобрат конкурентноста, со цел да се одржи економскиот раст, велат од СЕФ.

Со цел државите да го согледаат своето место на листата за глобална конкурентост, оваа институција еднаш годишно го објавува извештајот на конкурентност, која содржи листа од 138 земји од светот темелена на проценката на десет фактори за конкурентност, вклучувајќи институции, инфраструктура, здравство, образование, големината на пазарот и макроекономското опкружување.

Во извештајот, конкурентноста се дефинира како „збир на институции, политика и фактори кои го одредуваат нивото на продуктивноста на земјата“, а ги содржи резултатите од анкетата меѓу деловните луѓе во врска со владината ефикасност и транспарентност.

Листа на 10-те најконкурентни:

Меѓу најконкурентните 10 во светот, оваа година се сите земји кои минатата година беа толку високо поставени, но во различен редослед.

Швајцарија ја задржа титулата на најконкурентна глобална економија осма година по ред, благодарение меѓу другото на ефикасноста на пазарот на труд и софистицираната бизнис средина.

Како и минатата година, зад Швајцарија, следи Сингапур, додека третото место го задржа САД.

Холандија дојде преку 5-тото до 4-тото место, пред Германија, која падна за едно место.

На 6-тото место напредуваше Шведска, која минатата година беше на деветто место, додека Велика Британија напредуваше од ланското десетто место на седмата позиција.

Јапонија забележа пад од шесто на осмо место на листата, и Хонг Конг, од 7-мата на 9-тата позиција. Финска, пак, падна од осмото место на кое беше минатата година на 10-то место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП