3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИUniCredit подготвува продажба на акции и средства за 16 милијарди eвра

UniCredit подготвува продажба на акции и средства за 16 милијарди eвра

unicredit 3300

Италијанската банка „UniCredit“ ќе се обиде да привлече до 16 милијарди евра преку издавање на акции и продажба на средства, соопшти „Ројтерс“, повикувајќи се на двајца свои извори запознаени со ова прашање.

Најголемата италијанска банка по актива почна да собира понуди за својата единица за управување со средства „Pioneer“ и води преговори со полската „PZU“ за продажба на удел од 40% во „Bank Pekao“, соопштува агенцијата.

Капиталните соодноси на „UniCredit“ заостануваат зад оние на неколку други банки и ќе бидат дополнително поткопани од планираната продажба на голем дел од нејзиното портфолио од заеми, дадени на инсолвентени должници, со вкупна вредност од 51 милијарди евра.

Според еден од изворите продажба на лошите заеми е од критично значење за големината на капиталните потреби на „UniCredit“. Според италијанските медиуми „UniCredit“ може да продаде лоши заеми за 20 милијарди евра.

Од „UniCredit“ одбиле да дадат коментар во врска со оваа тема.

„„UniCredit“ работи на продажба на „Pekao“, „Fineco“ и „Pioneer“, за да го ограничи зголемувањето на капиталот до 5-6 милијарди евра“, тврди првиот извор, додавајќи дека продажбата на средства може да донесе до 10 милијарди евра.

Уделот на „UniCredit“ во „Pekao“ се проценува на 3,1 милијарди евра во сегашните пазарни цени, а уделот од 55% во „Fineco“ на 1,7 милијарди евра. Според изворите, „UniCredit“ сака да добие 3 милијарди евра за „Pioneer“.

Според друг извор има „голема веројатност“ онлајн брокерот „FinecoBank“ исто така да биде предложен за продажба. Аналитичарите гледаат пречки пред евентуалната зделка, бидејќи „FinecoBank“ добива речиси половина од своите приходи од 9 милијарди евра од обврзници купени од „UniCredit“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП