2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГолема роденденска фешта во Скопје сити мол

Голема роденденска фешта во Скопје сити мол

Print

Скопје сити мол за прв пат ги отвори своите врати за потрошувачите на 4 октомври 2012 година и за кратко време успеа да стане актуелно собиралиште што ја редефинира колективната градска  забавна и шопинг содржина, урбано обележје што понуди одново заживување на делот од градот што со децении беше во мирување.

Од 1 до 4 октомври, Скопје сити мол ќе го прославува својот четврти роденден и ќе обезбеди доживувања вредни за паметење, со големи попусти во локалите, многу музика и настапи, подароци, бесплатни коктели и слатки, жонглери, артисти, музика од гаражни бендови и ДЈ како и шопингот до 70% попуст на одредени производи во одредени продавници.

На 1 октомври во рамките на традиционалниот настан „Ем умеам, ем можам“ кој веќе 4 години по ред се одржува во Скопје сити мол ќе може да уживате во детска програма и изложувачи од разни производствени капацитети, а вечерта е резервирана за настап на хрватската поп-атракција Данијела Мартиновиќ од 20.30 часот. Нејзе и претходат со свој настап култните Нокаут од 18.30 часот, но авантурата низ продавниците и угостителски објекти продолжува до 24 часот, приклучувајќи се на градскиот настан „Бела ноќ“.

За најмалите се организирани креативни работилници за цртање на керамика и изработка на уникатни предмети и украси во кои ќе уживаат и ќе ги развиваат своите вештини и таленти водени од врни ментори за уметност и работа со деца. Работилниците ќе се одвиваат во игротеката Имагинариум, каде сите 4 дена влезницата ќе изнесува симболични 100 денари. Децата ќе можат заедно со своите другарчиња да бојат на џиновски шртеж со површина од 4 м2 кој подоцна ќе биде изложен во молот.

Print

Дополнително Скопје сити мол организира избор на лице за насловна страна на зимското издание на City Mall магазинот од посетителите кои ќе бидат на 1ви во Скопје Сити Мол. Победникот на овој избор освен што ќе ја краси насловната страница, ќе добие и многу вредни подароци во кои ќе ужива во текот на целата година.

Вечерта на 1 октомври ќе се одржи и финалето од квалификациониот турнир во боулинг за избор на преставник на Македонија на 52 QubicaAMF Bowling World Cup, што оваа година ќе се одржи во Шангај, Кина во периодот од 14 – 23 октомври. Квалификации веќе втора година по ред се во организација на клубот „БО БОУЛИНГ“ (Bo Bowling).

„Сите знаеме дека денешните потрошувачи се многу активни, информирани, точно знаат што сакаат и каков квалитет на услугата и на производот ги задоволува. Скопје сити мол овие четири години ги следи сите глобални достигнувања во контекст на стандардите, квалитетот на услугата, интеракција со потрошувачите и затоа веруваме дека и во овие четири роденденски денови ќе имаме многу задоволни потрошувачи. Ги поканувам сите што имаат афинитети кон модната индустрија и сакаат да се најдат на насловната страница на зимското издание на City Mall магазинот да дојдат и да се фотографираат. Можеби ова ќе им го овозможи тригерот што им недостасува и еден ден ќе се вивнат далеку во модниот свет“ – изјави Дарко Панчевски, претставник од Скопје сити мол.

Скопје сити мол одново потврдува дека е најмаркантен градски симбол и урбан топоним, едно од моќните модни жаришта што ја поддржува и ја унапредува таа позната скопска потреба од  „живеење со многу салтанати“ J

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП