3 јули, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПродажбата на нови автомобили продолжува да расте

Продажбата на нови автомобили продолжува да расте

prodazba pazar avto33

Глобалната продажба на нови автомобили и комбиња забележа зголемување за 6,3% во август, а вкупниот резултат е 7,021 милиони единици. Така од почетокот на година на пазарот се продадени вкупно 94,525 милиони примероци, објави „LMC Automotive“. Тоа е зголемување за 2,4% во споредба со првите 8 месеци за 2015-та година.

Светски лидер во продажбата останува Кина, каде што само во август се продадени 2,074 милиони возила (раст од 22,1%). На втората позиција продолжува да е пазарот во САД – 1,510 милиони, но таму има пад од 4,1%.

Во Западна Европа во јули имаше намалување, кое сепак во август е компензирано и се забележува пораст од 8,8% до 866.110 нови автомобили. Назад сепак се движи пазарот во Источна Европа, каде продажбата паѓаат – за 5,3% до 302.200 единици.

Пад се забележува и во Русија, каде се продадени 110.200 нови возила (-5,0%), а исто така и во Јужна Америка – 248.000 единици (-2,6%). Сличен тренд се појави и на други големи пазари – Канада (172.000 примероци, -1,9%) и Јужна Кореја (122.000 примероци, -10,6%). Раст сепак забележува Јапонија – 333.300 единици (+ 3%).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП