20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБерлин: Владата нема да учествува во шпекулации за Deutsche Bank

Берлин: Владата нема да учествува во шпекулации за Deutsche Bank

db 333

Владата на германскиот канцелар Ангела Меркел не гледа причина да се шпекулира за државно финансирање на „Deutsche Bank“, изјави нејзиниот портпарол Шефен Зајберт, цитиран од „Bloomberg“.

Така во пракса тој ги отфрли тврдењата во материјалот на списанието „Focus“ дека Меркел ја отфрлила идејата за помош за најголемата комерцијална банка. Весникот се повикува на свој анонимен извор, според кого Меркел се откажала и да се меша во спорот меѓу банката и американските власти, кои инсистираат „Deutsche Bank“ да плати 14 милијарди долари поради нерегуларности со бизнисот со обврзници, гарантирани со хипотеки.

„Нема причина за таквата шпекулација. Владата нема да учествува во таква шпекулација“, рече Зајберт.

По известувањето акциите на банката паднаа на рекордно ниско ниво од 10,62 евра во понеделникот. Падот изнесува 6,5%.

Ангела Меркел редовно се среќава со извршните директори од финансискиот сектор, но сега Зајберт изјави дека не може да потврди дали имало средба во четири очи меѓу Канцеларот и Џон Крајан, извршниот директор на „Deutsche Bank“.

„Германската влада е сосема свесен дека американското Министерство за правда во минатото веќе постигна договори со други финансиски институции за исплати на обесштетувањето“, вели уште портпаролот на канцеларката. „Германија очекува на крајот на овие преговори да се дојде до искрен излез“, посочува уште Зајберт.

„Deutsche Bank“ од своја страна изјави дека ќе ги реши своите проблеми, без да се потпираат на Берлин. „Џон Крајан во ниеден момент не сакал од германскиот канцелар владата да интервенира во случајот со САД“, рече портпаролот на банката.

„Во моментов не стои прашањето за зголемувањето на капиталот. Одговараме на сите регулаторни барања“, додава портпаролот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП