25 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗBell & Ross Aero GT: Суперавтомобили од часовничар (фото+видео)

Bell & Ross Aero GT: Суперавтомобили од часовничар (фото+видео)

bell 00

Француската компанија за часовници „Bell & Ross“ неодамна ја покажа својата нова концепција „AeroGT“.

Станува збор за современ суперавтомобил кој црпи инспирација од авијацијата и најголемите моменти од 50-те години на 20-тиот век. Целта на дизајнерскиот проект е да биде „посебен“ конкурент на пазарот, на кој дејствуваат традиционалните играчи.

bell 01

„Bell & Ross Aero GT“ располага со 4.2-литарски V8 Твин-турбо мотор и автоматски менувач. Способен е да развие 594 КС, а потребни му се помалку од 3 секунди за да забрза до 100 км/ч. Максималната брзина на движење е околу 320 км/час.

bell 02

4,7-метарското возило е прилично ниско на изглед. Располага со тенки странични ретровизори и стаклен покрив во облик кој наликува стаклен фенер на реактивен авион. Следејќи ја воздухопловната тематика, гумите на возилото се во стил турбини и големи издувни цевки.

bell 03

„AeroGT“ располага и со заден спојлер, кој наликува на вертикален стабилизатор на авион. Ова не е прв пат, во кој часовничарите од „Bell & Ross“ да развиваат проект во областа на транспортниот дизајн. Претходно тие создадоа модели на мотоцикл и велосипед. Од „Bell & Ross“ и претходно земале учество во дизајн на автомобили. Во 2010-та година во „Peugeot SR1“ беше користен нивен часовник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП