ПочетнаКОМПАНИИБесплатно известување за корисниците на мобилната апликација на Комерцијална банка

Бесплатно известување за корисниците на мобилната апликација на Комерцијална банка

kbanka 333

Почнувајќи од 15-ти септември годинава, Комерцијална банка АД Скопје на своите корисници на мобилната апликација за физички лица, односно мБанка, им овозможи бесплатно да добиваат известување за приливите и одливите од нивните сметки и картички.

Со воведувањето на оваа нова услуга клиентите на Банката ќе бидат брзо и на едноставен начин известени за секоја промена на состојбата на нивните сметки, со што навремено ќе можат да бидат информирани за евентуалните злоупотреби.

На овој начин корисниците на мБанка ќе имаат поголема контрола врз сопствените трошоци, а наедно ќе го заштедат и времето потребно за контрола на состојбата на својата сметка.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП