Доколку израснавте гледајќи ги „Трансформерс“, вашето време пристигна. Турската компанија „Letrons“ направи вистински „Трансформер“ користејќи автомобил на „BMW“.
Од „Letrons“ тврдат дека им биле потребни осум месеци, за да можат да користат вистински автомобил, а „Трансформерот“ се упрвува со помош на далечински управувач.
Главата на „Трансформерот“ може да ротира за 120 степени, рацете, зглобовите и прстите исто така може да се поместуваат.
Компанијата најави дека има намера да направи уште примероци во блиска иднина.