18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЏонсон: Brexit стартува на почетокот на 2017 година

Џонсон: Brexit стартува на почетокот на 2017 година

dzonson 335

Велика Британија ќе ја започне формалната процедура за напуштање на Европската унија(ЕУ) на почетокот на следната година и можеби нема да има потреба за разделбата да се преговара две години, изјави британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон.

„Сега разговараме со нашите европски пријатели и партнери во очекување во првата половина на следната година да го активираме Членот 50“, рече Џонсон во Њујорк за Скај Њуз.

Тој рече дека во формалното известување, што Лондон треба да го упати до Брисел, „Британија ќе изнесе некои параметри“.

Џонсон навести дека Британија ќе ја врати контролата со глобалниот пакет на слободна трговија и договорот за финансиски услуги.

„Ние ќе имаме полза од фантастичните можности за слободна трговија со нашите пријатели во ЕУ“, оцени Џонсон, при тоа додавајќи дека процесот на напуштање може да заврши побрзо од она што некои очекуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП