26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ300 милони евра инвестирани во модернизација, развој и реконструкција на дистрибутивната мрежа

300 милони евра инвестирани во модернизација, развој и реконструкција на дистрибутивната мрежа

evn deset 00

ЕВН Македонија обележува 10 години од работењето. Во изминатава деценија врвен приоритет на компанијата беше создавање на сигурен и стабилен дистрибутивен систем и сигурност во снабдувањето со електрична енергија.

Трансформацијата на електроенергетскиот систем во Република Македонија е тесно поврзана со влезот на ЕВН групацијата во Македонија. Изминатите 10 години ЕВН континуирано инвестира во модернизација, развој и реконструкција на постојната и изградба на нова дистрибутивна мрежа, на сите напонски нивоа во вредност од околу 300 милиони евра.

evn deset 02

Процесот на инвестиции во обновливите извори на енергија овозможи модернизација и зголемување на капацитетот на 11 мали хидроцентрали. На високонапонско ниво изградени се 5 нови високонапонски трафостаници и надземни водови, односно мрежа во должина од 50 километри. Новоизградената вискоконапонска подземна мрежа, пак, е во должина од 105 km, додека новата среднонапонска изнесува 2800 км. Со овие инвестиции се подобри квалитетот и сигурноста во снабдувањето.

„До сега се инвестирани 300 милиони евра во модернизација на дистрибутивната мрежа. Воведовме центар за грижа на корисници, достапен 24/7 секој ден во годината, кој во текот на изминатите 10 години реализираше импресивни 4 милиони контакти. Со години, со особено внимание ја прифаќаме општествената одговорност и сме многу горди на тоа што во соработка со различни национални институции и невладини организации имаме воспоставено широко распространета и одржлива мрежа. За оваа посветеност говорат 13 те награди за општествено одговорна компанија. Со тоа, сметаме дека сме нераскинлив дел од македонското општество и ќе продолжиме и во иднина, преку сите наши активности, да создаваме услови за развој на секој сегмент, за нашето заедничко добро“, дипл. инж. Штефан Петер, МБА ,Претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија АД, Скопје.

evn deset 01

Дополнително во среднонапонската мрежа се изградени 1050 нови дистрибутивни трафостаници и среднонапонска надземна мрежа во должина од 950 км. Новата изградена нисконапонска мрежа е во должина од 1700 км. Сменети се 850.000 стари броила, со нови автоматизирани броила. Овие инвестиции придонесоа за значително намалување на техничките загуби на електрична енергија, со што е подобрена енергетската ефикасност во системот.

Континуираните инвестиции во развој на дистрибутивната мрежа на сите напонски нивоа, даде соодветен одговор на потребите на бизнис секторот во насока на остварување на економски развој на Република Македонија.

Покрај овие инвестиции ЕВН Македонија инвестираше и во сегментот на услуги, со формирање на Корисничко информативен центар во кој корисниците можат да добијат информација и услуга 24/7 на македонски, албански јазик и англиски јазик. Креирани беа услуги со кои се олеснува комуникацијата и се надминуваат отворените прашања со корисниците.

evn deset 03

Модерниот начин на производство на електрична енергија и водење на дистрибутивниот систем е овозможен преку главниот Диспечерски центар на ЕВН Македонија од каде автоматски се управуваат малите хидроцентрали и поголемите трафостаници. Овој систем овозможува брзо и ефикасно функционирање на дистрибутивната мрежа што за крајните корисници значи подобра и поквалитетна услуга во секое време.

Согласно изработениот Мастерплан на ЕВН Македонија, во идните години предвидена е реализација на проекти за континуирано подигнување на квалитетот на дистрибутивната мрежа на целата територија на Република Македонија за што ќе се инвестираат 700 милиони евра. Целта е јасна, и во иднина со континуирани инвестиции и инплементирање на новите техноилогии да се гарантира безбедно, сигурно и квалитетно снабдување со електрична енергија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП