7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMicrosoft планира откуп на акции за 40 милијарди долари

Microsoft планира откуп на акции за 40 милијарди долари

microsoft-headquarters-070712

„Microsoft“ ја зголеми дивидендата за кварталот за 8% и изјави дека ќе изврши откуп на акции во вредност од 40 милијарди долари во рамките на нова програма, пренесува „Ројтерс“.

Компанијата ја зголеми дивидендата до 39 центи по акција, што е за 3 центи повеќе во однос на претходниот квартал.

Технолошката компанија последен пат ја ревидираше дивидендата во септември минатата година.

Новата програма за откуп на акции нема рок на истекување и може да биде прекината во секое време, велат од компанијата.

Покрај тоа „Microsoft“ најави дека е на пат да ја заврши сегашната програма за откуп на акции за 40 милијарди долари до 31-ви декември.

Акциите на компанијата ја зголемија својата вредност за 1% до 57,41 долари за акција во рамките на слободната берзанска трговија во вторникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП