5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајбрзиот дизел теренец во светот е Bentley

Најбрзиот дизел теренец во светот е Bentley

diz bb 00

Првиот дизел модел на „Bentley“ е „Bentayga“, кој пак се јавува како првиот теренец на луксузната британска марка. Автомобилот беше обелоденет пред неколку часа, а ќе се појави на пазарот пред крајот на 2016-та година.

Се уште не е познато каде ќе се одржи јавната премиера на „Bentayga Diesel“, бидејќи компанијата веќе објави дека нема да учествува на претстојниот автосаем во Париз. Сепак, познати се сите детали околу машината, вклучувајќи и цените.

diz bb 01

„Bentley Bentayga Diesel“ користи 4,0-литарски V8 дизел со две турбини и еден електричен компресор, кој дебитираше на „Audi SQ7“. Агрегатот развива 435 КС, а максималниот вртежен момент достигнува 900 Нм, а е достапен при само 1.000 врт/мин.

Забрзување од 0 до 100 км/час кај моделот на „Bentley“ е исто со тоа на „SQ7“ – 4,8 секунди. За разлика од теренецот на „Audi“ кој има максимална брзина од 250 км/час, новиот „Bentayga Diesel“ е способен да постигне 270 км/час, која го претвора во најбрзата дизел машина во сегментот.

diz bb 02

Агрегатот е во комбинација со 8-брзински автоматски менувач „ZF“ и моќта ја пренесува на сите четири тркала. Просечната потрошувачка на гориво е само 7,9 л/100 км, тврди официјалната информација. Во моментов не е објавено, но најверојатно за „Bentayga Diesel“ ќе бидат понудени истите активен заден диференцијал и шасија со четири тркала кои ги има во „Audi SQ7“.

diz bb 04

Првиот дизел на „Bentley“ ќе биде достапен на пазарот во Европа уште пред крајот на оваа година. Цените во Велика Британија стартуваат од 135.800 фунти, што е речиси двапати над стартната сума за „Audi SQ7“ – 70.970 фунти.

diz bb 05

„Bentayga“ се нуди и со W12 бензински мотор. Овој модел стартува од над 160.000 фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП