2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКомпанијата SanDisk ја направи првата SD картичка со капацитет од еден терабајт

Компанијата SanDisk ја направи првата SD картичка со капацитет од еден терабајт

1-terabajt

Американскиот производител на мемориски пренесувачи SanDisk ја претстави SD картичката на којашто може да се сместат податоци од еден терабајт.

Во моментов, картичката на којашто ѝ е даден називот SDXC, е најголемиот според капацитетот микро-стик во светот, пишува сајтот PetaPixel.

Прототипот на картичката ќе биде презентиран на манифестацијата Photokina во германски Келн, којашто беше отворена во вторникот.

Засега не е познато колку новиот флеш-стик ќе чини и кога ќе ссе појави во продажба. Сепак, порталот напомнува дека појавувањето на SD картичка со толкав капацитет „претставува почеток на новата ера на малечките картички со огромен обем на меморија“.

На SDXC може да се сместат 14 часови видео во форматот 4k, најголемата можна резолуција во моментов, а брзината на пренос на датотеките е до 100 мегабајти во секунда.

Во 2000 година SanDiks, исто така, беше првата компанија којашто ја лансираше мемориската картичка со обем од 64 гигабајти, а во 2014 година на пазарот ја претстави SD картичката со капацитет од 512 гигабајти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП