6 јули, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСамсунг истражува палење на Galaxy Note 7 и во Кина

Самсунг истражува палење на Galaxy Note 7 и во Кина

boom2

Jужнокорејската компанија Самсунг ги истражува наводите за палење на паметниот телефон Galaxy Note 7 во Кина, иако од компанијата претходно беше соопштено дека сите телефони на кинескиот пазар се безбедни и не треба да бидат опфатени со глобалното повлекување.

Доколку новите наводи се покажат како точни, тоа ќе ги продлабочи растечките проблеми за јужнокорејската компанија со Galaxy Note 7 уредот и неговата батерија, која може да се запали при полнење.

Еден од корисниците на кинеските социјални мрежи во неделата напишал дека Galaxy Note 7 телефонот на неговиот другар за време на викендот се запалил и приложил фотографија од оштетениот уред.

Телефонот, според тврдењата на тој човек, почнал да се загрева и да вибрира, по што експлодирал и од него избил чад.

Во друг случај се наведува дека телефонот експлодирал додека корисникот на него играл видео игра.

Самсунг на 1 септември го пушти во продажба Note 7 во Кина, за следниот ден да објави дека во десет земји во светот, со исклучок на Кина, ќе ја запре неговата продажба и дека ќе повлече 2,5 милиони телефони.

Компанијата во Јужна Кореја започна да испорачува нови телефони Note 7, кои би требало да ги заменат дефектните.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар