23 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle ќе претстави нови производи на 4-ти октомври

Google ќе претстави нови производи на 4-ти октомври

oct-4-pixel-tease-2

Американскиот технолошки концерн „Google“ ќе одржи официјален настан во Сан Франциско на 4-ти октомври. На него се очекува компанијата да ги претстави своите нови смартфони и хардверот за автоматизација на домот, како и нови верзии на свои производи, пишува „Bloomberg“.

Компанијата испрати писмото, кое ја вклучува фразата „OK, „Google“, додаден во календарот“. Ова укажува дека ќе се посвети особено внимание на гласовниот асистент „Google Now“. Поканата исто така вклучува анимирани графики, која го покажува полето за пребарување, кои се менуваат во форма на смартфон.

Според последните податоци смартфоните на концернот оваа година нема да се нарекуваат „Nexus“, туку „Pixel“ и „Pixel XL“. Двата уреди ќе се произведени од „HTC“, но се верува дека „Google“ ќе го стави своето име на видно место на кутијата на уредите.

Презентацијата на компанијата следува по период на голем број слични настани на светскиот пазар на смартфони.

„Apple“ ги претстави своите „iPhone 7“ и „iPhone 7 Plus“ уште минатата недела. „Samsung Electronics“, најголемиот производител на смартфони кои работат со „Android“, во светот истовремено беше принуден да го повлече од пазарот својот „Galaxy Note 7“ поради проблеми со батеријата, која доведуваше до самозапалување на уредите.

„Google“ може да поднесе и поголема надградба на стриминг уредот „Chromecast“ и нов хардвер за виртуелна реалност, тврди „Android Police“, веб фокусиран на мобилниот оперативен систем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП