18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW започна тестови на новата Series 8

BMW започна тестови на новата Series 8

osmicka 00

Тврдењата дека „BMW“ планира да понуди на пазарот конкурент на „Mercedes-Benz S-Class Coupe“ беа потврдени. Изданието „Autoevolution“ објави слики на тест прототип, чија сериска верзија ќе се појави во сериско производство како „Series 8“.

Автомобилот е прекриен со маскирна фолија, но според информациите неговиот екстериер ќе биде целосно во стилот на концептниот Gran Lusso Coupe (на последната фотографија) кој Баварците го покажаа во 2013-та за време на изложбата „Concorso d’Eleganza Villa d’Este“. Дизајнот е дело на италијанската работилница „Pinifarina“, а е во согласност со стилот на последните модели на „BMW“.

osmicka 01

Идното купе ќе биде изградено на платформата „CLAR“ која е во основата на новата генерација на „Series 7“. Во Европа топ верзијата на моделот ќе се нуди со 4,4-литарски би-турбо. Ќе има исто така дизел мотори и хибридни агрегати. Најверојатно ќе се појави модификација развиена од „М“ одделот на „BMW“. Таа ќе биде со V12 мотор, за да може да се натпреварува со верзијата на „Mercedes-AMG“.

Технички новиот модел ќе се доближува до голем степен до „Series 7“ од која ќе ги добие мултимедијалниот систем со управување на гестови, како и суспензијата со променлива цврстина во зависност од условите на патот. Тоа ќе се менува врз основа на добиените податоци од сателитската навигација.

osmicka 02

„BMW“ произведуваше модел со индекс „Series 8“ (Е31) во периодот од 1989-та до 1999-та година. Вкупниот тираж на автомобилот беше 31.621 примероци. Под хаубата на овој модел беше поставен и V12 мотор, комбиниран со 6-брзински мануелен менувач. Токму кај овој автомобил за прв пат е употребена електронската педала за гас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП