6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајбогатите и економски најстабилните градови во светот

Најбогатите и економски најстабилните градови во светот

singa3777

Глобалната консултантска компанија „Arcadis“ објави извештај за светските градови и ги рангираше на листа според три фактори: луѓе, планета и профит.

Во извештајот наречен „Индекс на одржливост на градовите 2016: Луѓето во центарот на одржливоста на градовите“ , на листата се наоѓаат 100 градови кои се поредени според инексот на богатството и економската одржливост.

Овој извештај е базиран на сообраќајната инфраструктура, извршувањето на бизнисите, туризамот, бруто домашниот производ, значењето на градот, поврзаноста и стапката на вработеност.

Градовите се сметаат за големи глобални финансиски центри кои котираат високо, т.е. имаат тенденција за просперитет и брзо растечка инфраструктура.

19. Куала Лумпур е еден од најзначајните центри на исламските финансии и еден од најбрзорастечките светски економии.

18. Сеул е прв според индексот на социјална одржливост и има една од најниските стапки на криминал и нееднаквост во приходите.

17. Копенхаген високо котира според многу индекси на „Arcadis“, а не само според богатството.

16. Аместердам покажува најголем баланс меѓу трите столбови на одржливост и економски е богат.

15. Макау е еден од светските коцкарски центри и најбогатите градови во светот.

14. Виена има растечка туристичка индустрија и една од најдобрите сообраќајни инфраструктури во Европа.

13. Абу Даби е богат град во Обединетите Арапски Емирати, со висок индекс на економски просперитет, но со ниска стапка на одржливоста на животната средина.

12. Сан Франциско е популарна туристичка дестинација и центар на богати технолошки компании.

11. Минхен е главен центар на баварската покраина и дом на некои од најголемите германски компании.

10. Стокхолм е културен, медиумски, политички и економски центар на Шведска и еден од најдобро рангираните кога станува збор за одржливоста на животната средина.

9. Париз е познат по нееднаквоста во приходите.

8. Њујорк треба да стори нешто во врска со се поголемиот број на жители, но и натаму е центар на САД.

7. Прага е град чиј бруто домашен производ е речиси двојно поголем во однос на БДП на целата држава.

6. Единбург ги има најпрестижните универзитети во Европа и еден од клучните финансиски центри во Велика Британија.

5. Цирих има репутација како град во кој може да се живее, а неговиот фокус е како на заштита на животната средина, така и на финансиските институции.

4. Дубаи е финансискиот центар на Емиратите кој има најнизок индекс на „планета“ поради големата потрошувачка на енергија и загаденоста на воздухот.

3. Лондон по „Брегзит“ е под знак прашалник, но и натаму е на силното трето место.

2. Хонгконг има првокласна инфраструктура и економија.

1. Островскиот град Сингапур е најбогатиот во светот, но е предупреден за се постарата популација и потребата за вложување во социјална инфраструктура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП