28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТоплификација АД Скопје со позитивни резултати за периодот од Јануари-Јуни 2016 година

Топлификација АД Скопје со позитивни резултати за периодот од Јануари-Јуни 2016 година

kj

Групација Топлификација оствари позитивен финансиски резултат за период Јануари- Јуни 2016 година прикажан во неревидираниот поединечен Биланс на успех.

Остварената нето добивката за период 01.01.-30.06.2016 година изнесува 1,123 илјади денари. Консолидираната оперативна добивка за период Јануари-Јуни 2016 година изнесува 16,223 денари.

Вкупните приходи се во износ од 80,061 илјади денари за првото полугодие од 2016 година. Вкупните приходи се состојат од приходи од продажба, останати оперативни приходи и финансиски приходи. Приходите од продажба во износ од 50,026 илјади денари се приходи кои произлегуваат од договорот за закуп на опремата за производство на топлинска енергија, приходи од продажба на топлинска енергија, приходи од проекти. Финансиските приходи во износ од 13,723 илјади денари се приходи од камата на побарувања по однос на продадена топлинска енергија.

Вкупните трошоци за периодот 01.01.-30.06.2016 година изнесуваат 78,938 илјади денари. Вкупните трошоци се состојат од административни трошоци, трошоци на продадени производи и услуги и финансиски трошоци. Административните трошоци се во износ од 43,084 илјади денари. Во оваа група на трошоци влегуваат трошоци за амортизација, трошоци за гориво за производство на топлинска енергија, трошоци за услуги, материјали, трошоци за вработени и останати трошоци. Финансиските трошоци се во износ од 28,884 илјади денари. Финансиските трошоци се трошоци за камата за земени краткорочни/долгорочни кредити/заеми и камати за задоцнето плаќање на доверители.

Промени во сметководствените политики и методите на вреднување на средствата Нема промени во сметководствените политики и методите на вреднување на средствата во однос на претходниот ревидиран финансиски извештај.

Вложување или продажба на материјални средства (недвижности, постројки и опрема) или значителен отпис (поголем од 30% од вредноста на средството споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи) Нема во периодот од Јануари до Јуни 2015 година.

Oчекувања за престојниот период Во текот на 2016 година се очекува остварување на приходите од договорот за закуп на опремата за производство на топлинска енергија во износ од цца 85 милиони денари, се очекува наплата на побарувања од топлинска енергија а со тоа и намалувања на кредитната изложеност на компанијата. Во 2016 година ќе продолжат активности на други проекти од областа на енергетиката поврзани со дистрибуција на гас на ниво на урбани средини, либерализација на пазар на електрична енергија и примената на обновливи извори на енергија по пазарни услови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП