1 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗБез многу промени: FIAT Panda за 2017 (фото)

Без многу промени: FIAT Panda за 2017 (фото)

24321641857dd1c1b6d32d343672459_v4_big

FIAТ дискретно ги освежи сите три модели од семјството Panda. Промените се минимални и главно се однесуваат на ентериерот на возилото.

Третата генерација на малиот градски автомобил е претставена во 2011 година, а се чини дека FIAT нештата уште на стартот ги поставил на вистинскто место кога станува збор за дизајнот, па сега не е потребно да прави никакви стилски корекции на надворешноста на возилото.

Единствена новост е проширената понуда на бои за екстериерот – купувачите наскоро ќе морат да нарачаат Panda во нови нијанси на црвена (Amore Red) и металик сива (Colosseo Grey) како и со редизајн на алуминиумските бандажи.

11498354357dd1c1b8a69f312118761_v4_big

Стилските промени во кабината исто така се дискретни, а најпрвин во очи паѓа новиот, помодерен волан кој е благо израмнет на својот долен дел. Освен тоа, ознаките и бројките на инструмент таблата се сега поголеми и повоочливи.

11386846357dd1c1bb4ecc405358976_v4_big

Освежена е и понудата за дизајнот на навлаките на сите три верзии – стандардната Panda, Cross моделот и Panda 4×4.

FIAT моделот за 2017 го опреми и со новиот Uconnect мултимедијален систем кој може да се поврзе со смартфон уредите со помош на Bluetooth и USB конекција.

31299494357dd1c1beecdd586779230_v4_big

Палетата на мотори остана иста, па на располагање е 1,2 литарскиот бензинец со 69 кс (достапен и во варијанта на течен нафтен гас), како и двоцилиндарскиот 0,9 TwinAir со 65,85 и 95 кс (постои и верзија со 80 кс која како гориво освен бензин користи и компримиран природен гас). Дизел опцијата и понатака е 1,3 MultiJet II со 95 кс.

Цените ќе бидат познати пред почетокот на продажбата.

15584121857dd1c1c19b04516681438_v4_big

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП