6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВрвни експерти: Цената на нафтата нема да расте

Врвни експерти: Цената на нафтата нема да расте

oil and money

Врвни експерти од нафтената индустрија не очекуваат цените на нафтата во следната година да бидат над 60 долари за барел.

Според истражувањето на Bloomberg, чии резултати беа претставени на Азиско-пацифичката конференција за нафта што се одржа во Сингапур, 14 од 15 големи трговци со нафта предвидуваат дека цените ќе се движат во распон од 40 до 60 долари за барел следната година.

„Проблемот е што кога цените ќе тргнат нагоре пребрзо, американските дупчалки произведуваат повеќе нафта. Цената ќе се движи меѓу 40 и 50 долари, а максимално 55 долари“, вели Арзу Азимов, претставник на компанијата SocarTrading SA.

Аналитичарите морале повторно да ги ревидираат своите очекувања. Трговците со нафта кои ги интервјуирал Bloomberg, велат дека цените дивееле на почетокот на годината, но дека Иран, Саудиска Арабија, па дури и САД, изненадиле со зголеменото производство, одложувајќи го неизбежниот ребаланс.

„Нафтениот пазар се уште не е избалансиран. Пазарот дури сега треба да почне да работи со милионите резерви собрани за време на кризата“, рече шефот за економија во Trafigur Group, Сад Рахим.

Експертите од ING банката наведуваат дека не гледаат оправдување за зголемување на цените над 50 долари, а очекуваат цената до крајот на оваа и следната година да биде околу 40 долари.

Речиси сите експерти и инвестициски банки не беа импресионирани од гласините во врска со договорот на Организацијата на земји извознички на нафта(ОПЕК) за замрзнување на производството. Многумина ја доведуваат под знак прашање способноста на групата да постигне договор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП