3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКХВ привремено ја прекина постапката за издавање дозвола за преземање на Макпетрол

КХВ привремено ја прекина постапката за издавање дозвола за преземање на Макпетрол

komisija-hartii-od-vrednost

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија донесе Заклучок за прекинување на поведената постапка по Барањето за издавање дозвола за понуда за преземање на “Макпетрол” АД Скопје,  поднесено  од страна на  “Balkan Petroleum Holding Limited”.

„Постапката е прекината заради решавање на претходно прашање кај друг надлежен државен орган. Заклучокот  е врз основа на член 1 став 2 од Законот за презeмање на акционерски друштва, како и врз основа на член 147 став 1 од Законот за општата управна постапка. Според овие законски одредби, ако КХВ како орган што ја води постапката, наиде на прашање, кое претставува самостојна правна целина во надлежност на друг орган, а без чие решение не може да се одлучи за поднесеното барање, КХВ ја прекинува постапката, додека надлежниот орган не се изјасни по претходното прашање“, се вели во соопштението од КХВ.

Од КХВ најавија дека постапката по Барањето за издавање дозвола за понуда за преземање на “Макпетрол” АД Скопје,  поднесено  од страна на  “Balkan Petroleum Holding Limited”, ќе продолжи по решавање на претходното прашање од страна на надлежниот државен орган.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП