2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБугарија: Секој петти жител живее во сиромаштија

Бугарија: Секој петти жител живее во сиромаштија

bulgaria

Една петтина од населението во Бугарија се сиромашни, бидејки повеќе од 1,5 милиони граѓани од вкупно седум живеат со помалце од 325 лева или 167 евра месечно.

Во споредба со минатата година бројот на сиромашни во Бугарија не се променил, соопштил Националниот статистички институт.

Придонес за сиромаштијата е невработеноста и ниските пензии, каде 30 отсто се пензионери.

Огромна улога за сиромаштијата има образованието, бидејки 57,9 отсто сиромашни се со основно школо или без образование, а само два отсто сиромашни се со високо образование. Учеството во сиромаштијата меѓу вработените бугари изнесува 7,7 отсто.

Минималната плата во Бугарија изнесува 215 евра, а минималната пензија 83 евра, додека просечната плата изнесува 490 евра, а просечната пензија 170 евра. Максималниот износ за пензија е ограничен на 467 евра, додека за платите нема ограничувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП