3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајвреден национален бренд- не должи ниту цент

Највреден национален бренд- не должи ниту цент

red-bull

Виена- Највредниот бренд во Австрија “Red Bull” оствари најдобар финансиски резултат од основање на компанијата.

Со годишен обрт во висина од 3,2 милијарди евра, што е за 20 отсто повеќе од 2014 година, “Red Bull” оствари нето-добивка од 500,1 милиони евра, што претставува раст од 35 отсто споредено со претходната година.

“Red Bull” нема ниту еден цент долг кон банките, стапката на сопствен капитал е 81 отсто која произлегува од тргување со хартии од вредност.

Дитрих Матешиц, основач на “Red Bull”, кој поседува 49 отсто од компанијата и неговиот тајландски партнер Калео и Калерм Јувидиа имаат намера себеси да си исплатат половина од добивката, додека другата половина ќе остане во компанијата.

Тоа значи дека Дитрих Матешиц оваа година на основ на дивиденда ќе земе 123 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП