18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHP ја зајакнува серијата бизнис лаптопи со нови модели

HP ја зајакнува серијата бизнис лаптопи со нови модели

nova hp serija

„HP“ ја засили својата серија лаптопи „ProBook 400“ со пет нови модели насочени кон вработените луѓе и бизнисот.

При изработката на лаптопите посебно внимание било посветено на дизајнот, тврдат од компанијата. Новите модели се потенки од своите претходници и доаѓаат во сребрена боja.

Во исто време „HP“ се погрижи и во однос на продуктивноста и издржливоста. Лаптопите се опремени со новата генерација процесори од „Intel“ и „AMD“ и ги поминале успешно стандардните тестови за издржливост.

Секоја верзија може да биде опремена со до 16GB DDR4-2133 SDRAM, а одредени модели доаѓаат со графичка картичка „GeForce 930MX“ од „Nvidia“. Лаптопите можат да се пофалат и со исклучително долго траење на батеријата од 16 часа, истакнуваат од „HP“.

Најприфатливиот меѓу новите предлози е моделот „HP ProBook 455 G4“ кој поседува 15,6-инчен „HD“ дисплеј (со опција за „Full HD“) и е опремен со последната генерација „AMD A-Series“ процесор. Основната цена на моделот е 499 долари. На другиот крај на ценовниот спектар на новата гама е 17,3-инчниот „HP ProBook 470 G4“ со процесор од „Intel“. Цената на моделот започнува од 749 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП