22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Октоберфест предизвикува главоболки на економистите уште пред да започне

График на денот: Октоберфест предизвикува главоболки на економистите уште пред да започне

wisen 00

Економистите кои ја набљудуваат инфлацијата во Германија во последните три години, овој викенд може да се замислат кога ќе го порачаат првото пиво на Октоберфест во Минхен, пишува „Bloomberg“.

На 206-годишниот фестивал, кој почнува денеска, откако градоначалникот на градот ќе го отвори првото буре и ќе ја наточи првата кригла со традиционалните зборови „O zapf’s“ (Нека се лее), ќе започнат да се продаваат литарски кригли со просечна цена од 10,54 евра, што е за 3% повеќе во однос на минатата година.

Според економистите на „UniCredit“ вкупните трошоци за посета на Октоберфест, познат меѓу локалните жители како „Wiesn“, ќе бидат дури и поголеми, главно поради порастот на цената на традиционалното печено пилешко. Тоа е малку комплексен феномен, со оглед дека цената на живината во Германија е намалена во последните две години.

wisen 01

Прикажани зголемувања во графиконите се далеку над тековната инфлација. Литарски кригли пиво се повеќе од двојно поскапи денес отколку што беа во 1985-та година, кога една кригла чинела 6,1 германски марки. Оттогаш германските кориснички цени се зголемија за 69,7%.

И иако економската теорија претпоставува дека такво драстично зголемување ќе ги натера потрошувачите да купуваат помалку, економистите на „UniCredit“ објаснуваат дека тука важи „Парадоксот на Гифен“, односно исклучок од вкупниот закон на побарувачката. Односно пивото е производ кој се троши повеќе кога цената се зголемува.

Претходните истражувања покажуваат дека сиромашните кинески домаќинства консумираат повеќе ориз, кога неговата цена се покачува, главно поради поскапите супститути како месо, кои веќе не се достапни. Во случајот со Октоберфест потрошувачката на пиво се зголемува, бидејќи замена на фестивалот недостасува и корисниците треба да консумираат она што им се дава.

wisen 02

Друг фактор може да биде зголемувањето на платите. „Дури растот на реалната плата се уште не е доволен за да се компензира зголемувањето на цената на пивото“, тврдат истражувачите од „UniCredit“. А однесувањето на потрошувачите останува малку збунувачки.

Во исто време посетителите на Октоберфест немаат многу алтернативи. Додека над 1.300 пиварници во цела Германија нудат исклучително различни пива, изборот во Минхен е строго ограничен. Пива од само шест пиварници, меѓу кои „Augustiner“, „Hacker Pschorr“ и „Paulaner“, можат да бидат примероци на Фестивалот.

На крајот зголемените цени на годинешниот Октоберфест не се очекува да влијаат на прогнозите за ниска инфлација во Германија и еврозоната. Цената на пивото треба да е тројно повисока, ако сите други цени останат исти, за да се постигне целната инфлација од 2% на Европската централна банка (ЕЦБ).

А бидејќи цената на пивото во Германија се зголемува за 42% од 1991-ва година, се уште има каде да се оди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП