27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIntel ги зголеми очекувањата за приходите

Intel ги зголеми очекувањата за приходите

intel baza20

Американскиот технолошки концерн „Intel Corp.“ ги зголеми очекувањата за приходите од продажба во третиот квартал, повикувајќи се на заздравувањето на пазарот на компјутери, пренесува „Bloomberg“.

Најголемиот производител на полупроводници во светот страда од глобалниот пад на побарувачката на персонални компјутери, бидејќи луѓето сакаат повеќе да купат таблети или мобилни телефони и да вршат бизнис во облак услугите.

Во април „Intel“ објави дека ќе отпушти 12.000 работници или 11% од работната сила во позадина на напорите на главниот извршен директор Брајан Крзанич да го префрли фокусот на компанијата кон нови сегменти, како чипови за безжични уреди.

Сега „Intel“ гледа знаци во „пополнување на синџирот на снабдување на персонални компјутери“, соопштија од Концернот во петокот. Тие, исто така „гледаат некои знаци на подобрување на побарувачката на „PC“ уреди“.

Новата прогноза на „Intel“ е за приходи од 15,6 милијарди долари, со можност за варијација во двете насоки од 300 милиони долари. Претходната прогноза на компанијата со седиште во Санта Клара, Калифорнија, беше за 14,9 милијарди долари, плус или минус 500 милиони долари. Аналитичарите очекуваа просек на приходите во согласност со првичната прогноза на компанијата.

Испораките на персонални компјутери, еден пазар, кој и обезбедува на „Intel“ повеќе од половина од нејзината продажба, паднаа на најниско ниво во последнава деценија во првите три месеци на 2016-та година. Длабочината и времетраењето на падот значи дека „Intel“ веќе не може да потпира во побарувачката за серверски чипови или на зголемување на пазарниот удел против послабите конкурент, како „Advanced Micro Devices Inc“.

Некои аналитичари се уште се колебаат да објават дека ова е пресврт на трендот.

„Компјутерите се справија подобро, нема сомнеж во тоа“, рече Си Џеј Мјуз, аналитичар во „Evercore ISI“. „Јас не би го нарекол брза промена. Но мислам дека кога ќе се погледне во слабата достапност и песимистичкиот став, сепак пазарот се справи подобро од очекувањата“, додава тој.

Акциите на компанијата поскапеа за 2,7% до 37,53 долари за акција еден час по почетокот на седницата во Њујорк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП