7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПет глобални брендови одбија да настапат во Париз

Пет глобални брендови одбија да настапат во Париз

paris auto show

Претстојниот автомобилски саем во Париз ќе помине без учество на 5 глобални автомобилски производителот, објави „Automotive News“. Според информации на весникот во француската престолнина нема да бидат изложени најновите модели на „Lamborghini“, „Rolls-Royce“, „Aston Martin“, „Volvo“ и „Ford“.

Главната причина за ваквата одлука е неподготвеноста на компаниите да инвестираат милиони евра во слични настани, бидејќи сметаат дека тие се неефикасни. Наместо тоа производителите сакаат да вложуваат пари во повеќе напредни форми на маркетинг, претежно на рекламирање на своите производи во глобалната мрежа.

paris auto show1

„Претходно владееше мислењето дека е потребно да учествуваме на секој автомобилски саем. Реалностите покажуваат нешто различно – има далеку подобари начини за рекламирање, отколку да се трошат огромни пари за слични изложби“, коментира генералниот директор на „Aston Martin“ – Енди Палмер.

paris auto show2

За возврат претставник на „Lamborghini“ изјави дека автомобилскиот бизнис се менува постојано и во компанијата ги прифаќаат сите новини. Така компанијата ќе заштеди сериозна сума на концернот „Volkswagen“, кој ќе учествува во Париз, но нема да ја одржи традиционалната гала-вечер, на која Германците ги покажуваат најновите модели на своите брендови.

Од „Rolls-Royce“ исто така преферираат да пристапат на друг начин, па ќе го заменат саемот во Париз со настани за клиенти на остров Сардинија. Компанијата посветува особено внимание на корисниците на мрежата „Instagram“, па се потпира на нивната помош за рекламирање на своите автомобили.

paris auto show3

Во „Ford“ пак целосно ја менуваат маркетинг стратегијата, па наместо на саемот во Париз учествуваа во шоуто „Le Web“, посветено на најновите дигитални иновации. Покрај тоа, компанијата организира еднодневено тест-возење на територијата на Франција за сите кои сакаат да ги тестираат нејзините автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП