19 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИIDC: Слаб раст на пазарот на уреди за носење

IDC: Слаб раст на пазарот на уреди за носење

nosenje uredi 35353

Компанијата „IDC“ повторно го истражуваше движењето на пазарот на уреди за носење. Според нивните податоци пазарот на уреди за носење се наоѓа во видлива стагнација и покрај актуелните предвидувања дека овој пазар во текот на 2016-та година би требало да забележи раст од 3,9 проценти на годишна основа.

Во однос на 19,4 милиони уреди за носење кои беа продадени во текот на 2015-та година, до крајот на оваа предвидувањата говорат за 20,5 милиони продадени уреди.

Основните уреди за носење кои не се компатибилни со апликациите на трети страни (како што се на пример, паметните нараквици на компаниите „Fitbit“ и „Garmin“) до крајот на годината би требало да бидат продадени во 80,7 милиони примероци, па така би сочинувале 78,9% од пазаро на уреди за носење. Меѓутоа, од „IDC“ истакнуваат дека пазарниот удел на такви уреди во следните години ќе бележи пад во корист на другите категории на уреди за носење, како паметните часновници.

Според класификацијата на „IDC“, станува збор за уреди кои се компатибилни со апликации на трети страни, како што се паметните часновници и очила. Дo 2020-та година уделот на основни уреди за носење ќе забележи пад на ниво од 65,9% од 147,8 милиони продадени уреди, додека уделот на паметните уреди за носње ќе изнесува 13% со 76,6 милиони продадени примероци.

„IDC“ ги објави и податоците за пазарните удели на поединечни оперативни системи на паметните часновници. Водечки оперативен систем во текот на 2016-та ќе биде „watchOS“ на „Apple“ со удел од 52,3%, по што следат „Android“ и „Android Wear“ со удел oд 22,9%, „Tizen“ со удел од 12,7% и „RTOS“ со 10,2%.

Што се однесува до предвидувањата за 2020-та година, „watchOS“ тогаш би требало да има удел од 43,8%, „Android“ и „Android Wear“ со 41,8%, уделот на „Tizen“ ќе изнесува 6,9%, а пак на „RTOS“ ќе биде од 6,2%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП