19 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЦелосно распродадени првите количини на iPhone 7 Plus

Целосно распродадени првите количини на iPhone 7 Plus

sold 335

Првичните количини од новиот смартфон „iPhone 7 Plus“ беа распродадени во целиот свет, ден пред „Apple“ да ги пушти новите уреди во продавниците, соопшти компанијата, цитирана од „Reuters“.

Испораките на поголемиот нов телефон на „Apple“ беа исцрпени во сите бои, а помалиот „iPhone 7“ беше целосно распродаден во новата црна боја, додаваат од компанијата.

Клиентите кои ќе влезат во продавниците на „Apple“ во петок, кога уредите ќе бидат пуштени во продажба, нема да можат да ги купат распродадените телефони на лице место, но ќе имаат можност да направат нарачка за моделот кој го посакуваат.

„Искрено го цениме трпението на нашите клиенти, бидејќи работиме напорно за да го доставиме новиот „iPhone“ на секој кој го сака, што е можно побрзо“, рече портпаролката на „Apple“.

„Apple“ ги претстави новите телефони на настан во Сан Франциско претходно во овој месец. Уредите располагаат со подобрена камера и ги елиминираат традиционалните слушалки за сметка на нова технологија.

„Врз основа на сето она што го видовме досега, се чини дека побарувачката е голема“, рече аналитичарот Јан Досон од компанијата „Jackdaw Research“.

5.5-инчниот модел „iPhone“, познат како „Plus“, по традиција се продава брзо по неговото претставување, откако „Apple“ ја воведе големината со „iPhone 6“ во 2014-та.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП