6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMitsubishi открива како ќе изгледа следниот Outlander (фото)

Mitsubishi открива како ќе изгледа следниот Outlander (фото)

outmici 90

„Mitsubishi Motors“ ги објави првите официјални фотографии на концептниот кросовер „GT-PHEV“, како и информациите за возилото. Официјалната премиера на моделот ќе се одржи за време на отворањето на 29-ти септември на меѓународниот автомобилски саем во Париз.

outmici 91

„Mitsubishi GT-PHEV“ всушност претставува предвесник на хибриден модел од новата генерација. Машината ќе може да се полни од електрична мрежа, а нејзиниот дизајн е во новиот стил на јапонскиот производител – „Dynamic Shield“. Засега од компанијата не покажуваат фотографии на ентериерот, но тврдат дека тој е правен по примерот на тркачки кокпит, како и дека е користена кожа со темно-црвена боја „Burgundy“, кој е во еден тон со покривот.

outmici 92

Во агрегатот на концептниот модел се вклучени 3 електромотори кои помагаат и ја подобруваат работата на моторот со внатрешно согорување. Еден од електромоторите е поставен на предната оска, а другите два на задната оска, тие се поврзани со нови батерии со висок капацитет. Од „Mitsubishi“ дополнуваат дека ваквата конструкција ги проширува суштинските можностите на погонот на четири тркала и на интегрираните системи за управување на возилото.

outmici 94

Само на струја „Mitsubishi GT-PHEV“ може да помине околу 120 километри, а со полн резервоар и наполнети батерии километражата му е 1.200 километри.

Покрај овој модел Јапонците во Париз ќе покажат и целосно електричен кросовер – „eX“, како и новите верзии на моделите „Outlander“ и „Outlander PHEV“ кои се предвидени за европскиот пазар

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП