26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRichemont очекува оперативната добивка за првото полугодие да се намали за 45%

Richemont очекува оперативната добивка за првото полугодие да се намали за 45%

ric3884'

„Richemont“, производителот на накит „Cartier“, објави дека нејзината оперативна добивка за првата половина од годината најверојатно ќе се намали за околу 45%, пишува „Bloomberg“.

Приходите на компанијата се намалиле за 13% за пет месеци до август, како се исклучат девизните флуктуации. Тие не успеаја да ги оправдаат очекувањата на аналитичарите за 11% пад.

Ова се случува во момент во кој „Hermes“ се откажа од прогнозата за годишните продажби. Акциите и на двете компании се најдов на црвено, повлекувајќи ги по себе и оние на другите компании за луксузни стоки.

Индустријата се бори со последователна година на намалување на побарувачката во Кина, откако антикорупциската кампања во земјата нанесе удар на продажбата. Истовремено компаниите страдаат и од последиците од терористичките напади во Париз и Белгија. „Swatch Group“ пак во јули забележа 54% пад на профитот за првото полугодие.

„Предупредувањата покажуваат дека макроекономските и геополитичките неизвесности го поставуваат под знак прашање краткорочниот раст“, вели Сузана Пуж, аналитичар во „Barenberg“.

Акциите на „Hermes“ ја намалија својата вредност со 7,7% во Париз – најголем пад од речиси три месеци. Тоа се случи, иако профитот за првото полугодие ги надмина очекувањата. Акциите на „Richemont“ паднаа за 4,4% во Цирих, а оние на „LVMH“ за близу 2,2%.

Од „Richemont“ изјавија  дека намалувањето на нејзината оперативната добивка за шесте месеци до септември вклучува еднократни трошоци за реструктуирање, кои се во износ од 65 милиони евра. Аналитичарите очекуваа намалување за 41%, покажуваат податоците на „Bloomberg“.

Компанијата со седиште во Женева ќе намали работни места во единицата за производство на часовници со брендовите, како „Vacheron Constantin“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП