13 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple го лансираше iOS 10

Apple го лансираше iOS 10

аппле-иос

Американскиот технолошки гигант Apple ја промовираше во вторникот новата верзија на оперативниот систем iOS 10, а според соопштението за медиумите на компанијата, новата верзија е достапна како бесплатна надградба за корисниците на паметните телефони iPhone и на таблетите iPad.

Специфично за оваа верзија е што во разделот „Пораки“ се додадени ефекти преку целиот екран, што ќе помогне да се забележат сите важни моменти за време кореспонденцијата, како и линкови кои ќе бидат прикажани како целосни минијатурни веб-страници. Покрај тоа, се појавува функцијата Tapback, којашто овозможува брзо да се одговори на пораки, конекции или фотографии.

Гласовниот систем Siri сега работи со апликациите од онлајн продавницата App Store, а исто така поддржува и испраќање пораки, телефонски повици на програмата VoIP, резервации патувања во апликациите за транспортот, како и извршувањето на личните плаќања во платежните програми. Покрај тоа, Siri за мобилните телефони е поинтегрирана со автомобилската програма CarPlay.

Во одделот „Фотографии“ подобрена е функцијата на распознавање лица со технологијата за откривање лица, којашто помага во автоматското групирање слични лица, а во албумот „Локации“, сите фотографии, видеа и Live Photos ќе бидат прикажани на мапата.

Во новиот iOS, исто така, е содржана и апликацијата „Дома“, со чијашто помош може да се управува со апаратите за домаќинство со поддршка на HomeKit.

Од другите новини, сега на екранот може автоматски да се излезе од режимот на мирување кога ќе се земе iPhone-от, а исто така е подобрена поддршката за функцијата 3D Touch.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП