20 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗKia го зголемува производството

Kia го зголемува производството

kiamex 00

Корејскиот производител „Kia Motors“ отвори нова фабрика. Таа се наоѓа во Мексико, а изградбата на истата започна уште во 2014-та година. Ова е 14-тата фарбика на компанијата во светот, а 8 од нив се на територијата на Јужна Кореја. Износот на инвестицијата во фабриката надминува 3 милијарди долари.

„Новата фабрика на „Kia“ ги покажува амбициите на компанијата која сака да биде рамо до рамо со водечките автомобилски производители во светот. Неговата продукција ќе одговара на највисоките стандарди, а тоа ќе може да го проценат не само нашите клиенти во Мексико, но и во Северна и Латинска Америка“, изјави претседателот на „Hyundai-KIA Motor Group“ – Чун Мон Кју.

kiamex 01

Фабриката се наоѓа во градот Пескуерија, држава Нуево Леон, а ќе може да произведува 400.000 возила годишно. Со нејзиното пуштање глобалните производствени капацитети на компанијата ќе преминат 3,56 милиони единици годишно.

Работата на фабриката започна уште во мај оваа година, а засега во неа се произведуваат само моделот „Cerato/Forte“. Догодина кон моделот ќе се приклучи американската верзија на „K2/Rio“, која треба да биде претставена до крајот на годината.

kiamex 02

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП